Ако оваа состојба се игнорира и продолжи стариот начин на живот и исхрана, неизбежно ќе дојде до цироза. Многу научници се согласуваат дека човечкиот црн дроб може да преживее најмалку 600 години без никаква операција, но просечниот човек го одржува здрав едвај 60 години.
Еве како ја оштетуваме најголемата жлезда во организмот!
Еден од најпознатите погубни фактори е консумирање на премногу животински маснотии и складирање премногу протеини во црниот дроб, што е најчест случај кај љубителите на месо и нездравата храна, но и за професионалните спортисти.
Според епидемиолошките студии, зачестеноста на појавување на замасетен црн дроб значително се зголемила во последните години, особено кај жените. Се верува дека помеѓу 25-28 проценти од светското население страда од заболувања на црниот дроб и дека 16% од нив заболеле во младоста.
Ако масниот црн дроб се игнорира и продолжи стариот начин на живот и исхраната, неизбежно ќе дојде до цироза, тешка хронична болест на црниот дроб, која на крај ќе доведе до целосно губење на функцијата на црниот дроб.
Како се лечи масен црн дроб?
Најважниот фактор во третманот на масен црн дроб е секако исхраната, што подразбира ниско ниво на маснотии и ограничен внес на храна што може потенцијално да му наштети на црниот дроб.
Како храната му штети на црниот дроб?
Храната што ја јадеме влегува во желудникот, а потоа во цревата. Се разложува и вари и се апсорбира во крвта. Хранливите материи потоа се транспортираат низ крвотокот, кој стигнува до црниот дроб преку крвните садови. Вишокот на маснотии од животинско потекло внесено преку тешка храна, исто така, стигнува во црниот дроб, што е еден вид филтер во организмот. Кога има премногу маснотии, црниот дроб нема друг избор освен да ги апсорбира маснотиите во себе.
Клетките на црниот дроб на тој начин се распаѓаат со текот на времето и кога црниот дроб ќе ја изгуби силата и моќта да неутрализира толку многу маснотии, холестеролот почнува слободно да патува низ крвотокот, таложејќи се во други витални органи и ткива.
Складираните масти и наслаги на холестерол во крвните садови и капиларите дополнително доведуваат до развој на васкуларна склероза (атеросклероза) и може да бидат причина за мозочен удар и корорнарна срцева болест во иднина. Наслагите на холестерол и маснотии исто така го уништуваат панкреасот, што може да доведе до развој на дијабетес. Овие се првите симптоми на акутно и хронично воспаление на панкреасот
Како да се спречи или отстрани овој проблем?
Транс мастите треба да се елиминираат од исхраната и генерално да се ограничи внесот на маснотии. За детално мени, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар. Во секој случај, треба да јадете што повеќе храна што се смета за мелем за црниот дроб – артичок, тиква, зелена салата, сурутка, моркови, цвекло, зелка…