Свети Василиј Острошски е еден од најпочитуваните српски светци. Тој е роден во Попово село, во БиХ, во 1610 година во сиромашното, но побожно семејство на Петар Јовановиќ и неговата сопруга Анастасија. Се викал Стојан. Во неговото семејство царувала атмосфера на длабока вера, и тој расте, полн со љубов кон Бога и Црквата.

Некои од неговите соседи го прифаќаат исламот и се хранат со омраза кон семејството на преподобниот. За да го поштедат веќе пораснатото момче од омразата на соседите, а и сакајќи тој да се научи на книга и писменост, родителите го носат во блискиот манастир, каде што игуменот е негов чичко.

По некое време Стојан се преселил во Требинскиот манастир „Успение на Пресвета Богородица” и тука дефинитивно одлучил да го прифати монашкиот чин. При замошувањето му било дадено името Василиј, во чест на Свети Василиј Велики. Како монах тој води строг подвижнички живот и наскоро бил ракоположен последователно во ѓаконски и свештенички чин.

Вооружен со молитва

Во тоа време, Црна Гора и Херцеговина биле под османлиско владеење, а поробените луѓе биле подложени на интензивна едногласна пропаганда. Без оглед на опасносите кои му се заканувале, тој продолжува со својата пастирска служба меѓу луѓето, неуморно патувајќи низ епархијата, вооружен со Словото Божјо и со неговата огнена молитва. Уште тогаш со негово молитвено посредување почнале да се случуваат чуда. Не останува скриена и прозорливоста, со која тој бил надарен од  Бога. Верниците почнале да притрчуваат кон него, барајќи инструкции, заштита и утеха за нивните проблеми.

Нови, жестоки прогони го погодуваат локалното христијанско население. Турските поробувачи ги ограбуваат селата, ги носат затворениците во ропство, палат цркви и манастири. Свети Василиј е принуден да побара засолниште и да се повлече во тешкодостапниот и далечен манастир Острог.


Од тука, тој 15 години управувал со својата епархија. Околу него се собираат нови монаси, кои ја обновиле старата црква „Воведение на Пресвета Богородица” и градат нова, посветена на Чесниот Крст. Така, во подвизи, молитви и напорен пастирски труд, светителот го достигнал крајот на својот живот на Земјата и на 29 април 1671 година ја предал својата душа во рацете на Бога. Неговото тело било погребано од братството во црквата „Воведение на Пресвета Богородица”. Во неговиот гроб се случуваат многу чуда. Седум години по неговото упокојување,  гробот бил отворен, а монасите ги наоѓаат моштите на светителот цели, нераспаднати и мирисале благопријатно на босилек. Тие ги полагаат во кивот во храмот, каде што се наоѓаат и денес.

Ако одлучите да отидете на поклонение пред моштите на светецот важно е да знаете, дека е задолжително да носите со себе чисти црни машки чорапи. Се вели дека во текот на ноќта светецот станува и оди низ манастирот, па неговите чорапи секогаш се раскинуваат и монасите ги менуваат буквално секој ден. Иако мантијата и тенката ленена риза се целосно непроменети, чорапите со кои се покриени нозете на Василиј Острошки секогаш се износени.

Се крие од грешници

Во одредени денови, раката на светителот е отворена, така што верниците можат да ја допрат и да ја бакнуваат. Секој кој имал можност да ја види, признава дека изгледа многу жива, а не како дел од телото на некој кој починал пред речиси 400 години. Монасите велат дека од некои грешници светецот ја крие раката и ги спречува да ја допрат.

И денес, чудата на Свети Василиј не престануваат. Во манастирот пристигнуваат бројни верници не само од Србија, но и од странство и без оглед на нивното вероисповед и националност, добиваат од него помош за своите болести и маки. Пред години, во манастирот дошла млада жена со бебе во дрвена лулка. Откако ги бакнува моштите, таа, како и многумина други, се качува по скалите кон терасата каде што е Светото крст со честички од животворниот Крст Господов. Во еден момент таа се потпира на оградата и почнува љубопитно да ја набљудува живописната околина на манастирот. За секунда, нејзиното внимание се намалува, а лулката се лизнува и паѓа. Терасата на манастирот е на 12 метри над земјата – тоа одговара на четврти кат на станбена зграда. Лулката се распрснува на парчиња, мајката паѓа во несвест, а бебето … не чувствува ништо и дури не заплакало. Сите сведоци рекле дека се случило чудо. Парчињата на лулката и денес се чуваат во ризницата на манастирот.

Недалеку од таму има два германски проектили од Втората светска војна, пукани во манастирот. Откако ја пробил дрвената порта, проектилот не експлодирал, туку се распаднал на парчиња.

Тој продолжува да лекува

Ќерка на фамилија од Ниш страда од тешка болест на белите дробови. Лекарските интервенции почнуваат многу задоцнето. Една вечер додека нажалената мајка седи до болното дете, кое одвај дише, од замор потонува во краток сон. Го сонува свети Василиј Острошки и тој и вели да не плаче, бидејќи ќе го излечи нејзиното чедо. И навистина болната утредента се чувствувала многу подобро. По уште еден преглед, лекарите се зачудени, бидејќи утврдуваат дека пациентката е потполно здрава. Мајката не го заборава лицето кое го сонува и кога во црквата гледа иконата на свети Василиј Острошки, сфаќа, дека тоа бил тој. Таа и нејзината ќерка изразуваат длабока благодарност до светецот и секоја година го посетуваат манастирот во Црна Гора.

Многумина велат дека секој што одлучил да го посети манастирот не може тоа да го стори кога ќе посака, туку кога самиот светец ќе го „повика“. Жена од Сараево со месеци планирала да го посети манастирот, но во последен момент пред да тргне нешто ќе ја спречи. Таа решила да се откаже од намерата, но веќе следниот ден нејзина блиска и предлага да одат заедно до манастирот на бесплатна екскурзија организирана од локален бизнисмен. На крајот, жената успева да ги допре моштите на светителот, но само кога тој ќе одлучи да ја „прими“.

Труд.бг