Руди Џулијани, личниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека добил „чудесен“ третман за коронавирусот што му овозможи да ја напушти болницата по само четири дена, јави ДПА.
„Мојот третман од страна на медицинските сестри и персоналот во болницата „Џорџтаун Мед Стар“ беше чудесен. Таму влегов со сериозни симптоми, а излегов подобро од кога и да било порано“, соопшти Џулијани на Твитер.
Германската агенција наведува дека Џулијани, како што самиот изјавил за едно радио, добил експериментална терапија со антитела и ремдисивир, односно истиот коктел што го добил и Трамп за време на неговото лекување од коронавирусот, во октомври.
Поранешниот градоначалник на Њујорк, кој ги водеше правните постапки на претседателот за поништување на резултатот од претседателските избори во ноември, изјави дека неговиот статус на „славна личност“ резултирал во подобра грижа.
Трамп во неделата соопшти дека Џулијани е позитивен на коронавирус.
Џулијани (76) е последниот од најблискиот круг на луѓе околу Трамп кој може да се пофали со експерименталниот третман за коронавирус, што е недостапен за огромното мнозинство Американци. Истата грижа ја добија и секретарот за домување Бен Карсон и поранешниот гувернер на Џу Џерси, Крис Кристи.