Дека природата „прави чуда“, потврда и фотографијата на албанскиот биолог Арбен Палуши.
– Во овие студени јануарски денови, кога многу населени места во севрниот дел на земјата се завеани во снег и заковани во мраз, природата „со своја рака“ создаде планинско око, наведуваат албанските медиуми, пренесувајќи ја фотографијата на Палуши.
Природната убавина, Палуши ја овековечил при престојот во реонот на кањонот Шеја во близина на селото Бицај, кај северниот албански град Кукс.