Два црва, кои се наоѓале во пермафростот повеќе од десетина илјади години, оживеаа откако научниците ги одмрзнаа и сега се сметаат за најстари животни на планетата.
– Древните нематоди, односно цевчести црви, живо се движат и јадат за првпат од епохата на плеистоценот, откако претходно беа одмрзнати во петриеви садови, се наведува во истражувањето на тим на руски научници направено во соработка со Унверзитетот Принстон.
Авторите на истражувањето наведуваат дека била „демонстрирана способноста на повеќеклеточните организми за долготрајна криптобиоза во слоевите на пермафростот на Артикот“.
Околу 300 паристориски црви досега биле одмрзнати во лабараторијата во Москва, но само овие две женки покажале знаци на живот.
Двата црва се пронајдени во Јакутија, најстудениот регион во Русија, каде слоевите на пермафростот (површинскот слој на земјината кора кој се наоѓа под температурата на мрзнење во период на неколку илјади години) се обилни.
Еден од црвите се проценува дека е стар 32.000 години, додека другиот е 15.000 години постар