Русин паднал од 19. кат и преживеал, а кога станал и запеал.
Необичниот настан се случи во Воронеж, во југозападна Русија. Човекот паднал на паркиран автомобил, пишува „Известија“.
Мештаните на социјалните мрежи пишуваат дека мажот бил пијан и дека паднал од висина од 60-ина метри на теренец „нисан“. Спасувачите го извлекле човекот од оштетениот автомобил, а потоа лекарите му укажале помош. По падот, тој со помош на случајни минувачи и пожарникари станал и почнал да ја пее песната: „Љубовта е како сон“.
Очевидци рекоа дека тој се оддалечил од местото на несреќата. Набргу е објавено дека неименуваниот маж сам отишол во итната медицинска помош. Таму се констатирани повреди на главата и ‘рбетот. Ова е вистинско чудо.
И претходно имало случаи кога луѓето успевале да се спасат при паѓање од зграда, но од многу помала височина.