Голем број поклоници кон крајот на август се собираат во црквата на манастирот на островот Липси во Грција, за да и оддадат почит на иконата поврзана со уникатното чудо на цветањето на исушените гранки од лилјани, што се повторува секоја година од 1943 година.
Така цветаа лилјаните деновиве пред празникот Успение на Пресвета Богородица. И оваа година се појавија цвеќиња на иконата на Пресвета Богородица Харсоска, на исушените гранки на лилјани.
Специфичната икона „Панагија ту Хару“, на која се случува ова, се наоѓа во Грција, во скромна византиска црква изградена во 1600 година од монаси од Патмос во Липси.
На иконата, Богородица не го држи Христос Младенецот во раце како и обично, туку Крстот со нејзиниот син распнат на неа. Тоа е уникатна композиција, која ја покажува тагата на една мајка и маките низ кои поминала, примајќи го своето мртво дете по неверојатно сурово и срамно мачеништво.
Богородица Хароска го благословува островот Липси стотици години. Сепак, чудото со лилјаните првпат се случи за време на Втората светска војна (1943) и оттогаш се повторува секоја година, дури и оваа година.
Така цветаа лилјаните на исушените гранки и овие денови.
Според сведоштвата, во април 1943 година, една млада девојка положила бели лилјани на иконата на Панагија ту Хару како подарок за Пресвета Богородица. Како што минувале деновите, лилјаните природно се исушиле. Три месеци подоцна, во јули 1943 година, посетителите забележале дека исушените лилјани почнале да оживуваат.
Како што се приближувал празникот Успение на Пресвета Богородица, изникнале пупки, мирисале на мошус и целосно процветале на денот на прославата.
Луѓето кои ја посетуваат оваа мала црква во Панагија за да и оддадат почит на специјалната икона на Пресвета Богородица, велат дека ова чудо се повторува секоја година во исто време.