Поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев преку статус на Фејсбук денеска се потсети на загинатите десет припадници на безбедносните сили кај месноста Карпалак.
-На денешен ден пред 19 години кај месноста Карпалак загинаа десет припадници на безбедносните сили. На 8 август 2001 околу 10 часот конвој на АРМ беше подмолно нападнат од заседа. При тоа беше погодено едно транспортно возило на Армијата во кое беа 8 војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Во моите мисли и во моето срце засекогаш ќе биде споменот за луѓето кои со својата искрена пожртвуваност покажаа што значи љубов кон сопствената татковина. Хероите никогаш не умираат. Слава и почит на сите вас. Македонија нема да Ве заборави! – напиша Чуле.