Чулев позитивен на Ковид 19

/ 30.10.2020

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев, е позитивен на Ковид-19.

„За жал, и покрај сериозната претпазливост, не успеав до крај да се одбранам од вирусот кој многу често знае да биде непредвидлив и чуден. Во овој момент се чувствувам добро, немам посериозни здравствени проблеми и се лекувам во домашни услови. Апелирам до сите вас да водите грижа за своето здравје и да се придржувате до препораките за заштита на здравјето“, напиша тој на фејсбук.


Од истата категорија