По одлуката на Судот во Велес за притвор за поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски, кој е обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, скопската полиција во три наврати не го пронашла обвинетиот на неговата адреса, соопшти денеска техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, објаснувајќи дека за ова ситуација е информиран и СВР Велес.
– За наведенето лице е распишана потерница. Моментно се вршат и оперативни проверки за да се утврди дали лицето официјално ја напуштило државата, изјави Чулев на прес-конференција.
Судот во Велес во петокот му одреди притвор на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, заради не присуство во рочиште за предметот АКМИС. На ова рочиште, исто така, не бил присутен ниту неговиот бранител.