Лицето е советник во Гази Баба од редовите на СДСМ и истото по приведувањето во Полициската станица Гази Баба се обидело фактички да ги заплаши полициските службеници со тоа што кажал дека е политичар и дека кон него не треба да има кривична пријава, истакна вечерва министерот за внатрешни работи Наќа Чулев на ТВ Алфа.
„Меѓутоа јас ги уверувам граѓаните дека додека сум јас министер за внатрешни работи, министерството ќе постапува неселективно и без разлика на било каква политичка припадност или позиција во општеството која што ја има одреден граѓанин, кон сите доследно ќе биде спроведуван законот.“ потенцираше Чулев.
Чулев посочи дека кон сите три лица е поднесена кривична пријава, а и кон сите кои што го нарушија полицискиот час после нивното идентификување ќе бидат поднесени соодветни поднесоци во надлежното обвинителство
„Дел од нив веќе се идентификувани во денешниот ден се поднесени 7 барања за истите да дојдат во полициска станица и кон нив ќе биде поднесена кривична пријава, а ќе се изврши идентификација и на другите лица и против нив согласно законот ќе бидат кривично процесиуирани. Законот мора да биде неселективен.“ нагласи Чулев
Тој додаде дека групата со своето однесување го загрози и животот на останатите граѓани имајќи ја во предвид ситуацијата со коронавирусот.