Чулев: Важноста на личните документи продолжува додека трае вонредната состојба

/ 20.03.2020

Важноста на патните исправи, возачките дозволи и личните карти продолжува до завршување на вонредната состојба, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју на Канал 5 телевизија, информирајќи за првите уредби со законска сила на Владата донесени вечерва.

-Со посебна уредба со законска сила на Владата е суспендирано важењето на законот за јавни собири согласно вонредната состојба, за спречување на заразата од корона вирусот, истакна Чулев.

Со законска сила, информираше министерот,  донесено е и продолжување на испитните рокови поврзани со полагање на возачки испити и функционирањето на автошколите.

На странските државјани кои се затекнати во државата, како што истакна Чулев, ќе им се продолжи престојот до завршување на вонредната состојба.

Чулев се осврна и на моментите пред неговото назначување и формирање на техниката Влада:

-Јас ја информирав јавноста дека поранешниот министер на МВР, Оливер Спасовски пред да замине во текот на еден месец издал 1 750 решенија, а само во последната недела издал 1 100 решенија, појасни Чулев.

Чулев додаде дека тој не ги поништи решенијата, туку формирал Комисија за да ги разгледа сите решенија.

-Комисијата има констатирано дека од решенијата кои биле издадени во текот на изминатиот месец 122 се незаконски, 64 од тие решенија биле издадени на луѓе кои што во моментов на издавање на решенија биле на годишен одмор или биле на боледување. А, сето тоа е целосно спротивно на законот за работни односи. И согласно тоа, тие решенија не биле поделени. Истовремено беше повикан и трудов инспекторат кој што изврши увид и еве се уште чекаме одлука од трудовиот инспекторат, односно произнесување во однос на овие незаконски решенија, истакна Чулев.


Од истата категорија