ЧУЛЕВ: За настаните во Сингелиќ, освен за тројцата повикани на разговор, поднесовме уште 21 кривична пријава!

/ 17.04.2020

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев вечерва во емисијата Клик Плус на ТВ21, во врска со случајот во Сингелиќ истакна дека освен за трите лица кои беа повикани на разговор меѓу кои советник на СДСМ во општина Гази Баба, поднесени се кривични пројави и за уште 21 едно лице за прекршување на шолицискиот час.

„Ние досега имаме идентификувано и повикано на разговор уште 21 лице, а во процес на идентификација сме и на други лица кои учествуваа во настанот за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до ОЈО“, истакна Чулев.


Од истата категорија