Силен циклон на почетокот од следната недела ќе го погоди голем дел од регионот. Името на циклонот е Викторија и со себе носи голем пад на температурите на воздухот, интензивни врнежи како и локално интензивни атмосферски процеси.

Поради спуштање на значително посвежа воздушна маса од север на највисоките места и тоа особено на северен Балкан но и на европските Алпи се очекува да падне и првиот снег оваа сезона.

Сепак според најновите анализи, циклонот Викторија само периферно ќе ја зафати нашата држава со што во текот на следната недела има услови за локална и особено изолирана нестабилност, температурите на воздухот пак за разлика од регионот кај нас ќе бележат тенденција на помал пад или поточно некаде за 5 до 7 степени и веќе во деновите од следната недела максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени што значи студениот бран барем засега од регионот незначително ќе ја зафати нашата држава.