„Враќањето на епидемијата е потврдено“ во Франција и тоа започнува да се чувствува во болниците, се нагласува во извештајот на здравствената агенција на Франција,во своето неделно ажурирање за Ковид-19. Според ова, во текот на неделата од 18 октомври „потврдено е обновувањето на циркулацијата на вирусите во метрополитанска Франција“, посочува здравствената агенција. И покрај ова зголемување на инфекциите, „приемите во болниците и на  интензивна нега повторно се во пораст“, јави дописникот на МИА.

-На национално ниво, стапката на инциденца (пропорција на нови случаи во популацијата) повторно се зголемува (+ 14 отсто)“ за односната недела, во текот на која изнесуваше 55 нови случаи на 100.000 жители, што значи повеќе од прагот на тревога кој е утврден на 50. Овој праг од 50 случаи на 100.000 жители е надминат „во 44 метрополитенски департмани“ и е „се зголемува или е стабилен во сите региони“. Во неделата од 18 октомври, „достигна 73 на 100.000 жители во Пеј де ла Лоара (+ 52 отсто) и Прованс-Алпи-Азурниот брег (+ 1 отсто) и 71 во Ил-де-Франс (-0,2 отсто)“.

Низ целата земја, „5.276 случаи беа дијагностицирани дневно“ во просек во текот на односната недела. Дополнително, „незначително се зголеми бројот на нови хоспитализации (1281, + 2 отсто), со поголем пораст на новите приеми на интензивна нега (346, + 12 отсто)“. Во моментов, околу 6.500 пациенти со Ковид се хоспитализирани, вклучително и нешто повеќе од 1.000 на интензивна нега, резервирани за најсериозните случаи.

Во овој контекст на зголемување, „од суштинско значење е да се поттикне вакцинирањето на лицата кои не се вакцинирани против Ковид-19, како и да се администрира третата доза на оние со над 65 години и повеќе што ги исполнуваат условите, и да се одржи придржувањето кон бариерните гестови на високо ниво“, инсистира на здравствената агенција. И покрај овие зголемувања, владата се надева дека вакцинацијата, која штити од сериозни форми, ќе спречи метеж во болниците. Речиси три четвртини од француското население се целосно вакцинирани.