На 21 јануари 2019 вработен во Казнено поправна установа „Идризово“ пријавил дека околу 15 часот во КПУ „Идризово“ затвореникот Г.Н.(45) од Кавадарци, се обидел да се обеси со ремен, но од страна на други затвореници ременот бил отстранет.

На пат кон комплекс клиники „Мајка Тереза“ Г.Н. починал. Известен е јавен обвинител, кој наредил обдукција на телото на починатиот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Директорка на на ОЈУДГ „7-Ми Сетември“ во Пехчево заработи кривична пријава за договор за јавна набавка без спроведена постапка.

Како што соопшти МВР, поднесена е  кривична пријава против Г.В.(47) од село Умлена, пехчевско, за  сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од 2013 година до 2017 година, пријавената како директорка на градинка без спроведена постапка за доделување на договор за јавни набаки, ангажирала лице за изготвување на финансиски извештаи и програми, за што на истото му  исплаќала  парични износи повисоки од 500 евра,  со што нанела штета од 236.500 денари на Буџетот на ОЈУДГ „7-ми Септември“ – Пехчево.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.М.(53) од село Враништа, струшко, за сторено кривично дело ,,фалсификување исправа“ и против М.Р.(42) од село Долна Белица, струшко за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со “фалсификување на исправа“.

Првопријавениот, вработен во станица за технички преглед на возила ПСС–село Драслајца, набавил лажен договор за купопродажба на товарно моторно возило „Мерцедес вито“, како и лажна сообраќајна дозвола за истото, на кои како сопственик го навел Е.Р.  татко на второпријавениот,  по што истите ги  употребил во постапка идентификација на наведеното возило, во Бирото за метeорологија при Министерството  за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од  Законот за возила. Второпријавениот, ја приложил ваквата документација во МВР – ОУР Струмица при поднесување на барање за регистрација на наведеното возило.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи  Кавадарци  поднесе кривична пријава против М.В.(33) од Кавадарци за сторено кривично дело “кражба” и против Т.В.(38) од Кавадарци за сторено кривично дело “оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”.

На 08.10.2017 година во Кавадарци на улица “Едвард Кардељ”, пријавената, од 56 годишно лице од Кавадарци, одзела паричник во кој имало пари, две картички од банка и лична карта. Потоа, истиот ден во 18.35 часот во Кавадарци од банкомат на улица ”Илинденска” второпријавениот, сопруг на првопријавената, од претходно украдените картички повлекол пари.

На 22 јануари 2019 година во 00,30 часот С.К.(23) од Скопје, пријавил дека на 21.01.2019 година околу 22 часот, во казино на булевар „Партизански одреди“ бил физички нападнат од страна на А.А. и О.А. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против В.Р.Б.(41) од село Големо Радобил, прилепско за сторено кривично дело „кражба“ и против Н.К.(24) од село Бузалково, прилепско за сторени кривични дела “помагање” во врска со „кражба“ и  кривично дело „прикривање“.

На 1 ноември 2018 година, второпријавениот го ангажирал првопријавениот да изврши превоз на бесправно исечени букови огревни дрва, за кои истиот набавил лажна испратница од ПШС „Црн Бор“. По ова, истиот ден во Прилеп, од страна на полициски службеници при преглед на товарно моторно возило „Мерцедес“, управувано од првопријавениот, биле пронајдени огревни дрва, за кои испратницата била несоодветно изготвена. При тоа, од страна на полициските службеници било констатирано и дека второпријавениот не поседувал содветна лиценца за превоз на стока издадена од Министерството за транспорт и врски.

Вчера во 14:30 часот во Полициската станица Гази Баба од Јавната установа “Ранка Милановиќ“ било пријавено дека истиот ден околу  9:45 часот нивен 17 годишен штитеник самоволно ја напуштил установата.

Истиот ден во 15:50 часот во Полициската станица Кисела Вода Љ.К.(47) од Скопје пријавила дека околу 14 часот во семејниот дом од страна на нејзиниот 17 годишен син, кој избегал од Јавната установа „Ранка Милановиќ“  физички била нападната. Во Полициската станица Кисела Вода и Т.М.(39) од Скопје пријавила дека во продавница на улица „Христо Татарчев“ додека била на работното место 17- годишниот малолетник влегол со нож во раката и упатил вербални закани. По преземени мерки од полициски службеници лицето било приведено и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Потоа малолетникот бил вратен во установата од каде се оддалечил.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.С.(51) од село Романовце, кумановско,  за сторено кривично дело „бесправно градење”, против  В.Р.(35) и С.Е.(40), двајцата од Гостивар за сторени кривични дела „несовесно работење во службата” и  „злоупотреба на службената положба и овластување” и  против Ф.С.(49) од Гостивар за сторено кривично дело „бесправно градење”.

Во периодот од 2015 година до 2018 година во Гостивар, првопријавениот, како инвеститор, изградил колективен станбен објект, на кој, спротивно на одобрението за градба, изградил дополнителен кат и поткровје. Второ и третопријавениот,  како  градежни инспектори во општина Гостивар,  не извршеле надзор на наведената градба, со што му овозможиле на првопријавениот да одбегне плаќање на комуналии и други давачки за изградба на наведениот објект,  на штета на буџетот на општина Гостивар. Четвртопријавениот,  изведувач на наведениот објект, вршел  градежни активности на истиот, без основен проект и писмен договор со инвеститорот на градбата.

Вчера во 14:40 часот вработен во Јавно претпријатие „Комунална хигиена“ пријавил дека на улица „Македонска преродба“ во Скопје додека работници собирале смет, до контејнер пронашле две, според пријавеното,  експлозивни направи. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности и утврдено е дека станува збор за две употребени чадни бомби, кои покрај контејнерот ги оставил С.С.(62) од Скопје.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.З.(54) и Ф.С.(49), двајцата од Гостивар за сторено кривично дело „бесправно градење”, и против  В.Р.(35) и С.Е.(40), двајцата од Гостивар за сторени кривични дела “несовесно работење во службата” и  “злоупотреба на службената положба и овластување”. Во Гостивар на улица “Страхиња Симоноски”, првопријавениот, како инвеститор, без одобрение за градба, изградил колективен станбен објект. Второпријавениот,  изведувач на наведениот објект, вршел  градежни активности на истиот, без одобрение за градба, основен проект и писмен договор со инвеститорот на градбата. Трето и четвртопријавениот,  како  градежни инспектори во Општина Гостивар, не извршеле надзор на наведената градба, со што му овозможиле на првопријавениот да одбегне плаќање на комуналии и други давачки за изградба на наведениот објект,  на штета на буџетот на Општина Гостивар.