Црн чад во кавадаречко Возарци, денеска ги вознемири кавадарчани. Од Државниот инспекторат за животна средина за МИА велат дека проблемот бил краткотраен и бил надминат.
– Инспектор доби известување за соодветно случување во „Еуроникел” и веднаш доби налог да излезе на терен и да ја утврди фактичката состојба. Имало поголемо вбризгување на мазут од парниот котел, од страна на бренерот на котелот, па се појавил црн чад. Но, тоа траело само пет минути, изјави за МИА Хусни Тачи, раководител на сектор за инспекциски надзор при Државниот инспекторат за животна средина.