Црна Гора и официјално доби нов претседател кој доаѓа по долгогодишното владеење на Мило Ѓукановиќ. Новоизбраниот претседател Јаков Милатовиќ положи свечена заклетва во Подгорица и го презеде петгодишниот мандат.
Во обраќањето пред присутните, Милатовиќ нагласи оти ќе биде претседател на сите граѓани, без оглед на нивната политичка, верска и национална припадност. Порача дека е свесен оти не го очекува лесна работа. Во фокусот, како што рече, ќе биде елиминирање на внатрешните поделби, изградба на силни институции, непристрасна дистрибуција на правдата и изградба на општество за еднакви можности за сите. Од говорницата порача оти е време за обединување околу она што е заеднички имненител на сите, а тоа е Црна Гора.
Инаугурацијата на Милатовиќ во парламентот започна со инторнирање на црногорската химна. На свеченоста присуствуваа лидерите на сите регионални држави. Редот пред говорницата во пленарната сала беше резервиран за српскиот претседател Александар Вучиќ, за неговиот хрватски колега, Зоран Милановиќ, за тројцата членови на Претседателството на БиХ – Жељко Комшиќ, Жељка Цвијановиќ и Денис Беќировиќ, за претседателот на Албанија, Бајрам Бегај и за претседателката на Косово, Вјоса Османи.
На полагањето на заклетва на Милатовиќ беа присутни и специјалните пратеници на САД и на Велика Британија., Габриел Ескобар и Стјуарт Пич.
Јаков Милатовиќ го победи досегашниот претседател Мило Ѓукановиќ во вториот круг на изборите на 11 април, освојувајќи 60 отсто од гласовите.