Од денеска во Црна Гора се применуваат нови мерки за ограничување за спроведување на пандемијата на Ковид-19, а со нив е предвидена забрана за напуштање на домовите од 22 до 05 часот наутро и работењето на продавниците од 07 до 20 часот, додека угостителските објекти работат од 07 до 18 часот, пренесуваат црногорските медиуми.
Компаниите и претприемачите кои се занимаваат со трговија на прехранбени производи (пазари, супермаркети, хипермаркети) ќе работат од 07 до 20 часот, а компаниите и претприемачите кои се занимаваат со трговија на непрехранбени производи и услуги (трговски центри, продавници за обувки и облека , салони за убавина)… од 07 до 20 часот, се предвидува со новите мерки.
Во согласност со големината на објектот и бројот на корисници, потребно е да се обезбеди едно или повеќе лица кои ќе го контролираат почитувањето на мерките – таканаречени корона чувари, пренесе порталот РТЦГ.
Меѓуградскиот сообраќај, исто така, е забранет од петок во 22 часот до понеделник во 05 часот наутро.
Задолжително е правилно носење маска и одржување физичко растојание во затворен и на отворен простор. Забранети се масовните или социјални собири, како и собири во станбени згради. Забранети се и собири во групи со повеќе од четири возрасни заедно на отворено.
Верските заедници се должни да ги прилагодат своите активности на сегашната епидемиолошка состојба, а истото важи и за погреби и помени.