Во буџетот на Црна Гора за 2022 година е предвидено рамномерно финансирање по региони, односно план е да се издвојат 180 милиони евра за капитални инвестиции. Владата на Црна Гора повторува дека нема дополнително да се задолжува за проектот „Европа сега“.
Северниот регион добива 76,7 милиони, средниот 60,5 милиони, јужниот 26,7 милиони евра“, изјави државниот секретар во Министерството за финансии Јанко Одовиќ, јави РТЦГ. Според нацрт-законот за буџет, неодамна усвоен од црногорската влада, изворните приходи изнесуваат 1,97 милијарди евра, од кои даноците и придонесите изнесуваат 1,8 милијарди евра.
Расходите изнесуваат 2,17 милијарди евра, од кои тековните буџетски расходи достигнуваат 1,92 милијарди, а капиталниот буџет 248 милиони евра.
Дефицитот е проектиран на 205 милиони евра или 3,87 отсто од БДП. За социјална заштита се издвоени 667 милиони евра, за општи јавни услуги 618 милиони, за здравство 344 милиони, за образование 225 милиони, за јавен ред и безбедност 161 милион и за одбрана 56,9 милиони.
Буџетот предвидува да се спроведат даночните реформи, претставени преку програмата Европа сега, со кои се предвидува зголемување на минимумот од 250 на 450 евра, намалување на даночното оптоварување на работата и укинување на придонесите за здравство.
Платите на сите вработени се очекува да пораснат во просек за 17 отсто, а во здравството за дополнителни 12 отсто.