Поранешниот генерален секретар на Советот за регионална соработка и поранешен министер за надворешни работи на Државниот сојуз на Србија и Црна Гора, Горан Свилановиќ, е главниот советник на Владата на Здравко Кривокапиќ за економски реформи и евроинтеграции, пишува весникот Побједа.
Свилановиќ нема лично да го советува Кривокапиќ, но е во тимот на министерот за финансии и социјална помош Милојко Спајиќ, кого, според изворите на Побједа од парламентарното мнозинство, ги советува за клучните прашања за економските реформи и евроинтеграциите.
Во изјава за подгоричкиот весник, Свилановиќ потврди дека ја советува Владата на црногорскиот премиер Кровокапиќ.
– Ова не е невообичаено, Црна Гора напредуваше најмногу во евроинтеграциите од сите земји во регионот, изјави Свилановиќ за „Побједа“, додавајќи дека во тоа својство бил двапати во Црна Гора.