Црногорската заедница која живее во Косово бара 21-ви мај, денот кога е прогласена независноста на Црна Гора, да влезе во календарот на официјалните празници на Косово.
Претседателот на Здружението на Црногорците во Косово Слободан Вујичиќ изјави денеска дека нивната заедница треба да го има својот свечен ден како и другите заедници кои живеат во Косово.
– За нас 21-ви Мај е најзначајниот историски датум на нашата држава, затоа го одбравме тој датум да биде нашиот ден, рече Вујичиќ.
По повод денешниот празник, Здружението по пат на соопштение информира дека „традиционаланата прослава на Денот на Црногорците – Денот на независноста на Црна Гора, ќе се одржи во втората седмица од јуни, кога ќе биде свеќено отворен Центарот за развој на црногорската заедница“ во Косово.