Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина објави дека е подготвена да испорача хуманитарна помош за Венецуела и го повика претседателот на државата, Николас Мадуро и водачот на опозицијата, Хуан Гваидо, да не се мешаат во тоа.

Претседателот на Федерацијата, Франческо Рока на прес-конференција изјави дека испораката на хуманитарна помош за околу 650.000 луѓе во Венецуела може да започне за 15 дена.

Рока додаде дека Црвениот крст „никогаш не може да прифати мешање од страна” и оцени дека Венецуела е длабоко поделена земја.
Според него, од суштинско значење е никој да не ја користи распределбата на хуманитарна помош за свои цели.