Цуфи Кока е лицето кое пукало кон демонстрантите кај плоштадот Скендербег тврдат медиумите, СДСМ и ДУИ.

Полицијата го привела лицето кое денеска испука повеќе истрели од пиштол за време на протестите против францускиот предлог на скопските улици. Се работи за активист на партијата Алијанса на Албанците, тврди Дојче Веле на македонски јазик.

Ако се следи текстот на ДВ излегува дека две групи се „закачале“ меѓу себе, а не дека демонстрантите беа нападните од лицата кај Скендер Бег и од мостот, па Цуфи извадил пиштол кога постоела опасност од физичка пресметка:

„Една група која се наоѓаше кај плоштадот Скендеберг и групата демонстранти на булеварот најпрво фрлаа со камења и шишиња едни кон други. Потоа групата демонстранти се упати кон втората група и дојде до кошкање и опасност од физичка пресметка. Во тој момент Кока извадил пиштол и испукал повеќе куршуми. Реакцијата на полицијата спречи поголем инцидент.“ Каква релативизација!

МВР пак известува дека вечерва во 20.10 часот пред банка спроти споменот Скендербег, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Ј.(40) од Скопје, кој претходно испукал со пиштол во воздух, додека група демонстранти, кои се движеле на потегот од Владата на Република … Македонија кон Министерството за надворешни работи, го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање со камења кон група граѓани.

Е.Ј. е приведен во полициска станица, а на местото се пронајдени чаури. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, вели МВР.

Ако забележувате, од соопштението јасно е дека Е.Ј. нема да биде изведен пред судија на претходна постапка, туку ќе биде третиран како да пукал на свадба и како со прекршок да го нарушил јацвниот ред и мир, но не и како да загрозил нечиј живот со пукањето.

Од сето ова не ејасно дали станува збор за двајца пиштолџии, за еден – Цуфи Кока, и кој е Е.Ј. кого МВР вели дека го уапсило.