Во рамки на нејзината официјална посета на Македонија, претседателката на Словачка Зузана Чапутова и претседателот на државава Стево Пендаровски денеска положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Пендаровски претходно во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести, ја пречека претседателката Чапутова, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации на двете земји, претседателите  Пендаровски и Чапутова одржаа заедничка прес-конференција.

За одбележување е тоа дека претседателот на државата при чествувањето на роденденот и погибијата на македонскиот великан, наместо лично, праќал делегација, а денеска лично положи венец. Исто така, познати се и неговите изјави за тоа чиј херој е Гоце Делчев, за што е пишувано повеќе пати.