Каква пародија, една земја членка на НАТО, чие небо го чуваат соседите зошто нема сопствен капацитет, потпишува документ дека нема територијални претензии кон друга земја членка на НАТО, објави поранешната пратеничка и министерка за култура, Ганка Цветанова.

Тоа е реакција на Цветанова на актуелната состојба со потпишување документи од Македонија дека нема територијални претензии кон Бугарија.