Триста пилоти или 300-пилот проекти секако е небулозно, вели поранешната министерка за култура Ганка Цветанова, во врска со релативизирањето на премиерот Зоран Заев за изјавата за пилотите во Арачиново.
– Понекогаш е подобро да се премолчи. Ама кога станува збор за Заев, препорачливо е најчесто. Имено, 300 пилоти или 300 пилот-проекти секако е небулоза, напишта Цветанова на Твитер.
Твитот се однесува на изјавата на Заев: „300 пилоти не сме ветиле, тоа се 300 пилот-проекти“.
Засега нема ниту еден пилот на авион или хеликоптер од Арачиново. А Заев и СДСМ треба да појаснат колку, пак, од ветените 300 пилот-проекти „полетале“ до реализација.