Љупчо Цветановски

Заевци безобразно го користат моментот на траор, национална болка, тага и дефокус во Македонија со трагедијата во Бугарија и починатите деца за да извршат упад во ТВ Алфа без, демек, никој да не ги примети? Ало, па дали сте бре нормални?

Да, ова е прастар, проверен удбашки метод и рецепт на дејствување на нивните кодошки предци од службите…

Ама, упс, статива! Тогаш немало интернет портали и социјални мрежи, бре Заевци. И, аман, не ги користете нашите финансиски проблеми за да биде така „нормално“ да извршите упад, тоа ќе го решиме, финансиските проблеми датираат од првиот момент на формирање на Алфа во 2008-та, тие за жал се класика со која живееме, но не и со која се помируваме.

Зад нас не стојат нафтени гиганти, Телекабели, градежници и цели комбинати за да ние служиме како нивно покритие за глупоштиите кои ги прават со татко-фирмите, Алфа живее токму од тие реклами заради кои и сте го одврзале од ланец БЈБ при МВР.

За ваша жал и инфо, северџани, ги преживеавме сите овие години така со има-нема плата, има-нема здравствено, аздиси од директори, лоши услови, техника крш, ќе ве преживееме и вас. Она што не не’ убива, само не прави посилни.

Арам, стрвинари непрокопсани…