Докторот Жан Митрев пред неколку месеци заедно со тужбата поднесе и барање за забрана за известување на ИРЛ за теми поврзани со третманите во неговата болница, за сега човекот да ни простува гревови?!- прашува новинарката Сашка Цветковска од ИРЛ во одговорот до д-р Жан Митрев кој објави дека ја повлекува тужбата до медиумот.
– Патем, со нетрпение чекавме да се сретнеме на рочиште месецов. Верувам дека правосудниот систем нема да е во празнично-простувачко расположение и конечно ќе дочекаме обвинение против докторот, со или без комплекс на Господ, негов проблем, пишува Цветковска во објавата на Фејсбук.
Претходно, како што објавивме, д-р Жан Митрев најави дека ја повлекува тужбата.