Д-р Андон ЧИБИШЕВ
Нова опасност им се заканува на нашите деца.
Експериментот со ПАРАЦЕТАМОЛОТ е исклучително опасен и може да заврши со тешко неповратно оштетување на црнито дроб или смрт. Токсичната доза изнесува 5 до 15 грама или 10 до 30 таблети од 500 милиграми или леталната – смртна доза е 20-25 грама .
Труење настанува заради исцрпување на метболичкиот систем на црниот дроб, силното хепатотоксично дејство на N- ацетилмидокинонот ( составна компонента на Парацеталот) кој предизвикува некроза или распаѓање на хепатоцитите, клетките кои го градат црниот дроб. Следува т.н токсичен хепатитис кој има исклучително тешка клиничка слика, проследена со масивни внатрешни крварења, тешко засегање на централниот нервен систем ( енцефалопатија) и акутно откажување на бубрежната функција.
Ги повикувам надлежните институции внимателно да ја следат состојбата.