Д-р Андон ЧИБИШЕВ

Сабота ми е ден за пазарење.

Цените на зелените пазари се ,, косата да ти се дигне,, ама денес во очи ми падна и ме шокира една цена во месарница.

Килограм чварки или џимеринки кои се спремаат од најнеквалитетниот дел од свињата се продава за неверојатни 899 денари.

Значи, една медицинска сестра која има месечен личен доход од 24 000 денари работи цел месец за 24 килограми чварки.

Ало, производители, трговци, влада, министерства, од која планета сте вие.