Д-р Андон ЧИБИШЕВ

Вчера во тек на попладнето имаше пожар во близина на А1 арената или салата Борис Трајковски.
Според информации од медиумите горела дива депонија и при тоа чад и непријатен мирис се чувствувал во поширокиот простор околу арената.
Во тек на попладнето, вечерта и денес ми се јавија многу загрижени граѓани кои цела ноќ не можеле да спијат затоа што се чувствувал непријатен мирис и имало чад во воздухот.
При горење на ѓубре на депонии се ослободува голема концетрација на јаглероден моноксид, јаглероден диоксид, сулфур диоксид, азотни оксиди и што е најстрашно се ослободуваат и пареи од тешки метали (жива, олово).
Сите овие гасови и пареи имаат многу штетно влијание на здравјето на луѓето, посебно кај децата.
Тоа што мене непријатно ме изненади е што ниедна државна институција не излезе да објасни што се случува и барем малку да ги смири загрижените граѓани.
А, пред 6 години се изнаслушавме приказни за чист планински воздух, АЈРО, подобрување на еколошката состојба во државата.