Д-р Андон ЧИБИШЕВ

После алармирање на институциите на државата за присутво на огромна количина на опасен отпад на територијата на општина Ѓорче Петров, Државниот инспекторат за животна средина направи вонреден испекциски наздор и преку соопштение ја извести јавноста дека опасениот отпад содржи 10 проценти олово, но и бакар, кадмиум и други тешки метали . Тоа го покажуваат лабораториските анализи кои се направени во овластени лаборатории. Според изјави на жители на тоа подрачје отпадот на таа локација бил депониран околу шест месеци.

КОЈ ГИ ТРУЕ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ СО ТЕШКИ МЕТАЛИ?

Хроничната експозиција на олово и неговите соединенија доведува до тешки пореметување во создавањето на крвни клетки, сериозни пореметувања на работата на бубрезите, комплицирани испади во централниот и периферниот нервен систем.
Како рани симптоми најчесто се јавува губење на апетитот, болки во стомакот повраќање, лавоболка,слабост,малаксалост.

Како доцни симптоми најчесто се јавуваат раздразливост, нервоза, слаба координација на движењата, болки во рацете и нозете, зглобовите, пореметување на менструалниот циклус и абортус.

Како посебни клинички манифестации и синдроми кај труење со олово се јавуваат:

Бледожолта боја на кожата на лицето, срцебиење, отежнато дишење

Тешко нарушување на бубрежната функција

Тешки нарушувања на работата на централниот нервен систем – главоболка, вртоглавица, анксиозност, отежнат говор

Тешки нарушувања на периферниот нервен систем

Дополнително присуството на кадмиумот уште повеќе ја комплицирааат состојбата будејќи тој е е во групата на метали со изразито канцерогени својства. Ја оштетува функцијата на бубрезите, коскеното ткиво, црниот дроб, срцето.
Присуството на бакар предизвикуваат токсични ефекти на бубрезите, црниот дроб, дигестивниот систем.

Брзо процесуирање на овој случај, најстрого санкционирање на сите замешани во загадувањето, обезбедување на загаденото подрачје.