Епидемиологот д-р Драган Даниловски, смета дека врвот на третиот бран може да го очекуваме за две недели, некаде кон средината на април.
Но, како што рече д-р Даниловски во вестите на Канал 5, за да стигнеме до пикот имало период на качување. Сега треба да очекуваме уште еден толкав период на симнување, значи уште пет-шест недели.
Смета дека полицискиот час од 22 часот дал резултати, затоа што без него кој знае колкав ќе беше бројот на заразени и починати.
– Се намалија социјалните контакти и се спречи ширењето на вирусот – вели Даниловски.
Тој вели дека здравствените власти постојано информираат дека здравствениот систем не е под толкав притисок и дека има слободни кревети. Но, како што вели докторот, што е со медицинскиот персонал, и здравствено и емотивно тие се истоштени, а се истите кои постојано работат.
Даниловски смета дека нашиот народ живее нездраво и дека токму затоа Ковид-19 зема толку жртви.
– Тие се затвораат по кафеани, на домашни седенки, во обложувалници. Не се движат надвор, на свеж воздух. Повеќето се пушачи, нездраво се хранат и тоа се фактори придонесуваат болестите да имаат потешка слика – вели д-р Даниловски за Канал 5.
Facebook
Twitter
Copy Link