Резултатите на интерим (првична/прелиминарна) анализата на Pfizer вакцината против SARS-CoV-2 делуваат охрабрувачки. Мислам дека наскоро ќе слушаме уште добри вести…

Без да го обесхрабрам ентузијазмот, да потсетам дека клиничкото испитување во фаза 3 е сè уште во тек и треба да почекаме да ги видиме сите резултати.

Доколку испитувањето заврши во целост во декември и независни тела ја потврдат точноста на процената на ефикасност, тогаш можеме да очекуваме масовното вакцинирање да започне во 2021-ва.

Доколку вакцината навистина има 90% ефикасност, тоа се одлични вести кои ги надминуваат очекувањата. Тоа би значело дека и со некои 74% вакцинирано население ќе можеме да ја сопреме пандемијата. И дека можеби ќе можеме да идеме на одмор во лето 2021-ва на раат. ?

Сè уште не знаеме со сигурност дали вакцината ќе ги штити ранливите категории од потешка болест и смртен исход, што мислам дека е најважна цел за една SARS-CoV-2 вакцина. Но, можеме да претпазливо го очекуваме тоа.

Клучните прашања кои сите здравствени власти треба да ги отворат и искомуницираат со своите граѓани сега се: 1. Кон која цел треба да го насочиме вакцинирањето?

2. Дали е потребно да ја вакцинираме целата популација (т.е. бар 74% на пример со оваа вакцина)? и/или

3. Кои таргет ранливи групи први треба да ги вакцинираме? – Ова треба да биде приоритет и да веќе има јасен план за тоа.

4. Во зависност од тоа, дали е потребно да вакцината биде задолжителна?

НАЈБИТНОТО СЕГА е да разбереме дека додека да пристигне било која вакцина (оваа или друга), имаме пред нас еден голем зимски бран на зараза со кој треба да се соочиме. Овој бран веќе е и ќе биде поголем од првиот и повеќе луѓе ќе починат.

Во исчекување на вакцината, да сега повеќе од било кога бидеме многу, многу внимателни за да на пролет имаме кој да заштитиме со таа вакцина.

 

ЗА НОВАТА ВАКЦИНА

Резултатите на интерим (првична/прелиминарна) анализата на Pfizer вакцината против SARS-CoV-2…

Posted by Haris Babačić on Monday, 9 November 2020