Д-р Кирил ЛАЗОВ, директор на ДЗСИ
“Официјално известување
Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина на РМ располага со доволни количини на безбедна крв и крвни компоненти од сите крвни групи.
Благодарение на континуираната поддршка од нашите хумани крводарители нашата институција успешно ги задоволува барањата за сите пациенти.
Во моментот нема потреба од вонредно дарување крв!
Институтот за трансфузиона медицина изразува длабоко сочувство и жалење до семејствата на жртвите во трагичната несреќа во Кочани.
Ние продолжуваме да бидеме тука за сите потреби и да го дадеме својот придонес во обезбедување на медицинска помош за оние кои имаат потреба.
Со почит,
ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина на РМ“.