Денес фолклорот е исфрлен од училиштата, од програмите, од лектирите. Денес се гледа на фолклорот со потценување, иако преку него најдобро се докажува македонската национална самобитност, вели во интревју за Вечер д-р Марко Китевски и додава:

„За жал, и денес, во 21 век, имаме потреба од такво докажување. Имаме фолклор кој се цени во светот, а кај нас се потценува. А, според вредностите, нашите народни песни и приказни се на исто рамниште со најубавите примероци од светската литература.

За да се заинтересираат младите генерации за фолклорот, за да го истражуваат, треба прво да го читаат, а за тоа, тој треба да се врати во наставните програми, во учебниците и во лектирите. Има начини да се направи тоа ако се сака, ама, очигледно, не се сака.

Еве, во МАНУ нема фолклорист од основањето. Не дека не сме имале научници што го заслужиле тоа. Го имавме професорот Кирил Пенушлиски, кој остави печат на целиот изминат период по војната и беше почитуван во фолклористичката наука и тоа не само кај нас туку и многу пошироко“.

Целото интервју за Вечер ТУКА