Д-Р ЛАЗАРОВ: Ако се водиме од искуството со вакцинацијата за сезонски грип, не очекува дебакл!

/ 09.02.2021

Согласно искуството од претходно и од оние стандардни вакцинални процедури што секоја година ги имаме, конкретно ако зборуваме што се случи со процесот на вакцинација за сезонски грип, ако се водиме од тоа и истиот метод и начин ако се примени не очекува апсолутно ист завршеток а тоа ќе биде дебакл, вели матичниот доктор Ненад Лазаров во вечерашното вклучување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

-Ние како матични лекари во овој момент со последни сили успеваме да ги изреализираме сите активности и обврски кои што константно ни се надополнуваат и наметнуваат нови и нови. Во овој случај, околу закажувањето на претстојниот процес на вакцинација, навистина едно прашање нас ни се отвора а тоа е која е потребата додатно да бидеме обременети со административна работа кога навистина може преку еден Кол центар да се организира. Верувајте дека едвај постигнуваме со секојдневните обврски, бидејќи се она што го правеа комисии и други служби сега оди преку нас. Ние не можеме со хартија само да постигнеме на дневна база на работа, од аспект на тоа дека одат боледувањата комисиски, потреба од ортопедски помагала, мислења за потреба од нега од трето лице, сите оние останати социјални бенефити сите поминуваат преку нас, редовната работа, работа со КОВИД пациенти на дневна основа, рачунајте дека имаме огромна една популација со други болести, не е само КОВИДОТ што го лекуваме, така што јас мислам дека не е соодветно решение да оди процесот на закажување преку нас бидејќи де факто ќе има проблеми, додаде доктор Лазаров.

На прашањето каде запна работата со претходното закажување на сезонскиот грип, што всушност беа проблемите со кои се соочивме Лазаров рече:

Тоа е резултат на еден проблем што се вика некомуникација, не постоење на директен канал меѓу матичните лекари како примарно здравство и здравствените власти. Доколку работиме ги правиме заедно и во соработка во консултација со нас, бидејќи ние сме на терен и ние најдобро знаеме како тоа може да се направи нема да имаме вакви проблеми.

Лазаров вели дека бројот на набавени вакцини за сезонски грип била многу мала.

-Прво беше мала бројката обезбедени вакцини, а многу поголема бројката на пациенти кои што сакаат да бидат вакцинирани и тоа во оние групи што државата вети дека ќе бидат вакцинирани бесплатно. Втора работа беше што консеквентно да речеме на неколку дена или еднаш неделно, конкретно за Град Скопје се пуштаа по малку термини, по 200, 300, 400 а тоа на територија само на Град Скопје е банална бројка, рече тој и додаде дека доколку се оди со ист шаблон со вакцинирање од КОВИД 19, тогаш ќе ни бидат потребни години за да ја завршиме вакцинацијата. Ако одиме по истиот шаблон нас ќе ни требаат неколку години да ја завршиме вакцинацијата за КОВИД. Немаме извештај од властите за околу процесот на вакцинација за сезонски грип колку всушност вакцини беа реализирани од таа бројка од околу 40.000 како што беше најавена и сето ова ни буди сомнежи дека ако тешко ни одеше и не успеавме да го завршиме еден процес каде што 40.000 вакцини беа во прашање што се случува со овие бројки и една ваква масовна имунизација на цело население, додаде тој.


Од истата категорија