Д-р Ненад ЛАЗАРОВ
Не спиевме со денови за да обезбедиме и донираме заштитна опрема, штампаа луѓе на 3Д принтери заштитни визири со ноќи за да помогнат, БЕЗ ДЕНАР да побараат, дури и фабричко производство организиравме и делевме бесплатно, со лични коли од Пехчево до Ресен, плачеа и молеа колеги за помош, секоја едно парче заштитна опрема го споделивме,
додека некој профитирал дебело а други лечеле фрустрации од мал пенис со купување аута на народна сметка.
Ако ова не е воено профитерство, не знам што е, арам да ви е.