СДСМ и Коциќ не најдоа оправдување после реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за крајно неморалниот партиски настан каде во текот на работното време го извадија целиот персонал на болницата за да се слика со Коциќ за партиски цели сред изборна кампања. За ова некој мора да понесе одговорност!, истакна денеска Кирил Лазов од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Велес.
На фотографиите кои ги сподели Коциќ се гледа дека додека докторите се сликаат пациенти чекаат пред влезот на инфективното одделение, а многу веројатно е дека пациентите кои се сместени во болницата се оставени сами на себе додека докторите и медицинскиот персонал мораат да се сликаат со кандидатот на градоначалник на СДСМ за Велес, рече Лазов и додаде:
Ниту директорот на болницата Бојаџиев не одговори на прашањата кои му ги поставивме.
Дали можеби тој дал насока на медицинскиот персонал да ги напуштат работните места и да се сликаат со Коциќ? Ако не е така дали ќе покрене постапка за да се открие кој дал наредба за вработените да ги напуштат работните места и истиот да биде санкциониран? Има ли некој воопшто со пациентите во болницата додека тие присуствуваат на партискиот настан на СДСМ?
Ете за тоа почитувани граѓани сме земја со најголема смртност, затоа што додека луѓе во болницата се борат за живот, докторите некој ги пратил на партиска промоција на кандидат за градоначалник. За ваквата ситуација треба најмногу да е свесен самиот Ненад Коциќ како здравствен работник и треба да ја призне грешката да им се извини на граѓаните за неодговорното однесување, и да побара одговорност од надлежните во болницата.
Почитувани,
Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги извести сите надлежни институции OSCE, ODIHR, ДИК, Антикорупциската комисија и Jавното обвинителство.
Ние како политичка партија сме згрозени од ваквиот чин и нема да премолчиме за скандалозната и неморална постапка на функционерите на СДСМ. За ова некој ќе одговара!, порача Лазов.