Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Игор Николов во денешното гостување во Дневникот во Сител Телевизија, истакна дека од состојба на се’ е под контрола сега имаме драконски рестриктивни мерки од власта, а сеуште не сме вакцинирале ни пола од популацијата со една доза.
-Ова што се предлага тешко е да се реализира, тешко е на популацијата да и се објасни од една состојба на се’ е под котрола и немаме никакви проблеми, одеднаш треба да се воведе некој вакцинален пасош или некаква „ѕвезда“ којашто треба да биде пас за поминување или влез било каде, вели доктор Николов.
Тој посочи дека власта само препишува нешто кое се прави на други места, а не успева да ги искористи алатките коишто тие земји кои овие мерки ги предлагаат или ги спроведуваат истите ги искористија, а тоа е вакциналниот процес.
-Вакцинацијата наместо да биде силно забрзана и масовна, има земји кои вакцинираа над 70% популација и тоа втора доза, а ние имаме 32% со прва доза само и со овие бројки се фалиме, и нормално од состојба во која се беше под контрола и без контрола на границите, одеднаш предлагаме рестриктивни и драконски мерки во коишто бараме некој да биде вакциниран, а летово беше затворена најголемата сала за вакцинација, истакна Николов.
Тој вели дека граѓаните се сведоци дека вакциналните пунктови буквално беа навјасани овие денови и начинот на кој се прави вакциналниот процес со дискриминација на луѓето и начинот на кој се носат небулозни мерки од состојба на целосно нормална состојба, згора на се лудите забави кои се случуваат насекаде говори дека ова е состојба која е резултат на одлуките на власта да се дозволи такво однесување и сето ова не доведе во состојбата во која сега е наоѓа земјата, потенцира доктор Николов.
-Мерките се донесоа брзоплето, набрзина, ако ги компарираме со земјите во Европа иако таму сега има протести, мерките беа донесени во една законска процедура како нови закони со зачувување на човековите права, обезбедување и гарантирање на човековите права, за разлика од кај нас, вели Николов.
-Сведоци сме дека имаше големи најави дека Делта бранот доаѓа уште на 20-ти јуни, а министерот за здравство на 20-ти јуни прогласи дека веќе е победена пандемијата и дека сме во една состојба каде се ќе биде мирно, а потоа се’ се отвори, вели Николов.
Како Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ подготвивме цел сет на предлог мерки за да се подготви здравствениот систем на она што ни следи од овој четврт бран, уште во јули месец беа истите објавени, но за жал немаше никаков одговор од страна на Владата, а денеска се наоѓаме во една ситуација во која Инфективна клиника е полна до четврти спрат и имаме навала на огромна бројка на пациенти, а здравствениот систем повторно не е спремен да одговори, појасни доктор Игор Николов.
-Нам сега ни требаат мерки за подготовка на системот за четвртиот бран, ние имаме наплив на пациенти, а во моментов се одржуваат журки и забави, докторите на Инфективните клиники добиваат наредба да го прекинат одморот било каде и да се, тоа е ненормална ситуација, така да она што требаше да се спроведе во јуни месец минимална контрола на границите и ограничување на забави во затворен простор сега го дава резултатот, појасни доктор Николов.