Такер Карлсон: Дали сте имале КОВИД?
Д-р Патрик Сон-Шионг: Не.
Такер Карлсон: Среќа.
Д-р Патрик Сон-Шионг: Не е среќа туку Т-клетка. Имам Т-клетки во телото што ме штити од нуклеокапсидот.
Такер Карлсон: Каде можам да го добијам тоа јас?
Д-р Патрик Сон-Шионг: Тоа испитување беше стопирано од ФДА и од Колинс и Фаучи.
Такер Карлсон: Значи никогаш не сте добиле КОВИД затоа што вашите заштитни клетки биле толку силни.
Д-р Патрик Сон-Шионг: Не само заштитни клетки, туку ако добијам КОВИД, тие чќе го исчистат вирусот.
(ОБЈАСНУВАЊЕ: Ова е секвенца од долгото интервју на Такер Карлсон со д-р Патрик Сон Шионг кој е хирург и истражувач во областа на ракот веќе 50 години. Станал милијардер благодарение на новите лекови за рак кои тој ги пронашол и е еден од најкомпетентите соговорници на оваа тема. Во разговорот со Карлсон изнесува дека истражувањата во областа на ракот 50 години одат во погрешен правец, а го изнесува и овој шокантен податок дека Фаучи и Колинс стопирале проект кој во време на КОВИД можел да спаси милиони луѓе од смрт. Антони Фаучи беше главниот советник на американскиот претседател за време на КОВИД кризата, промотор на мНРА вакцините и мозокот на финасирањето ан лабораторијата во Вухан во креирање на САРС КОВ 2 вирусот, додека Колинс беше негов соработник и директор на американската Агенција за национално здравје. Целото интервју на Карлсон со д-р Шионг можете да го погледнете на овој линк https://www.youtube.com/watch?v=mgZaT-OriO8)