Д-р Алек РАЧИЌ, Србија, при гостување во ТВ емисија
Па јас веќе кажав во претходниот дел од емисијата дека постои сложен систем на дезинфициенси кои се користат различно – едни во хируршките сали, други во амбулантите, трети во болничките соби. Значи, оние што се наменети за хируршките сали треба да покриваат најширок спектар на микроорганизми.
Жаргонски кажано – треба да бидат „најсилни“. Дали тоа навистина се применува така, е големо прашање. Тендерите се централизирани на начин што сите болници добиваат исти дезинфициенси.
Дали во сите болници има ист прилив на пациенти со исти дијагностицирани болести? Тоа е сериозно прашање. Порано, кога системот на централизирани тендери беше пофлексибилен, па одредени установи имаа право самостојно да набавуваат дезинфициенси, вакви појави немаше.
Различна е патологијата на неврохирургија, различна на инфективните клиники, различна во ургентниот центар. Јас ова го гледам како голем и сериозен стручен пропуст. Правници и економисти го упропастија нашето здравство.
Тие не можат да се занимаваат со тоа. Треба да бидат услужен сервис за нас лекарите, особено за нас хирурзите – а не да спроведуваат некаква своја „правда“ и да тераат бескрајни листи со цел заштеда на пациенти.
Гледаме што се случува. Луѓе умираат поради толку глупави одлуки. Затоа и е осмислена специјализацијата по менаџмент во здравството – за ние да се занимаваме со тоа, а не правници и адвокати.
Тоа е коренот на проблемот на кој оваа гледателка сака да укаже. Не баш 30, но 20 години се борам против таа појава – од кога беше воведена. Кога се воведе специјализацијата по менаџмент во здравството, идејата беше ние да раководиме со своите установи, а не економисти и правници да ни измислуваат „топла вода“.
Проблемот е јасен и трае 20 години. Ние што се бориме против тоа, само трпиме последици.
Сè е полошо и полошо, без разлика која власт ќе дојде. Искрено, јас не гледам светло на крајот од тунелот.



