Д-р Жаклина Шопова од скопската Инфективна клиника, реагира на изјавите на д-р Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија во Скопје, при последното негово гостување со д-р Нико Беќаровски на Канал 5, при што зборуваше за справувањето со епидемијата на Ковид-19 во Македонија.
-Го слушам проф. Докиќ во „Само вистина“ за справувањето со Ковид пандемијата и добивам впечаток дека никој, ама баш никој во светот не е спремен како нас!
А замислете за да добиете некој на телефон за да го префрлите пациентот кој веќе има потреба за третман во неговата институција, може да ѕвоните и ѕвоните и ѕвоните… и на крај пациентот повторно ќе остане кај вас, бидејќи не сте го добиле ниту докторот пулмолог, кој го иницирал префрлањето на пациентот на Клиниката за пулмологија, ниту „фамозниот кординатор“ проф. Докиќ!
Најверојатно телефонот звони, но одговорниот за телефонот е недостапен! – пишува д-р Шопова.