Д-Р ШОПОВА: Зар Докиќ е најкомпетентен да дава информации за смртноста од Ковид 19!?

/ 23.05.2021

Докторката Жаклина Шопова излезе со свое видување за изјавите на нејзиниот колега Докиќ, кој тврдеше дека кај најголем број до младите кои починаа од Ковид 19 проблем бил нивната дебелина:

„Зарем професор Докиќ е најкомпетентен да дава информации за смртноста на пациентите со КОВИД 19…и тоа така без никакво образложение дали покрај возраста, коморбидноста, влијание има и времето на пристигнување во болница, третманот пред пристигнување, протоколот за лекувањето, бројот на мед. персонал кој се грижи за пациентот, условите во кои се лекува пациентот, можноста за пострехабилитационен третман во државата, капацитетите на ваквите установи, итн. итн… а да не речем досега не слушнавме, ниту излезе Министерството за здравство со изјава кај колку од сите овие пациенти го докажавме лабораториски британскиот сој!?

Или во македонското здравство со овој министер и оваа влада се се случува без дијагностика, сеопфатна анализа со факти?!…

Важно мандатот им поминува со донации “ – напиша таа.


Од истата категорија