Во мојата работа секогаш сум учела дека човекот не се мери по зборови, туку по дела, напиша на Фејсбук, Др. Аспазија Софијанова.

-И токму затоа го почитувам Орце. Го познавам Орце и неговото семејство со години. Му ги знам вредностите во кои верува. И тие се неговата додадена вредност. И како политичар, но и како човек. Како човек кој секогаш наоѓа време да помогне,кој секогаш стои зад зборот кој ќе го даде, кој не ветува за да добие нешто за себе, туку прави за да остави позади себе. Тој е различен, народен, искрен и посветен. Надвор од калапот на политичарите што сме навикнале да ги гледаме. Орце е човек што не дели, туку спојува. Таквите луѓе ретко се појавуваат во политиката. И тие ние граѓаните знаеме да ги препознаеме! Затоа што тие не ја бараат функцијата, туку ја заслужуваат. Кој не доаѓа со големи зборови, туку со мали, вистински дела. Го гледав како расте низ годините, се развива, како работи,како секоја негова одлука доаѓа од искрена грижа за луѓето. Орце е надвор од калапот на политичарите што ги знаеме најчесто. Тој е човек кој знае да те слушне, да ти помогне, да те разбере. Во време кое живееме ѝ кога сите мислат на себе, тој мисли на другите. Не секој што зборува гласно, знае и да слуша длабоко.Не секој што ветува, навистина ѝ исполнува. Орце не зборува за луѓето, тој живее со нив. Кај него нема извештачена поза, нема интерес, нема глума. Орце има срце, визија, емпатија, одлични менаџерски способности и огромна посветеност во сето она кое го работи. Има вредности кон кои секое здраво општество треба да се стреми. Има чиста намера која што не се гледа секој ден. Затоа му верувам! И со чиста совест и цело срце, му ја давам својата поддршка. Бидејќи сум сигурна дека Орце е човекот што ќе направи разлика. Верувам дека токму такви луѓе ни требаат. Луѓе со срце, со визија и со чесна намера, истакна Софијанова