Твитер не и дозволува на фамозната лекарка од САД, Стела Имануел, да постира објави. Таа пред околу еден час објави дека Твитер се обидува да ја замолчи, но тоа го прави така што настојува да не изгледа лошо. Односно, и дозволува пристап на страницата и и дозволува да чита, но не и дозволува да објавува.
Инаку, вчера во одбрана на ставовите на д-р Стела Имануел застана и американскиот претседател, Доналд Трамп, кој истана дека и самиот пиел хидроксихлорикин во период од 14 дена и дека немал никави последици.
Инаку, д-р Имануел стана цел на напади во САД од медиумите кои се протиници на Трамп, откако завчера, со група други доктори зборуваше на своевидна прес конференција на отворено, при што таа кажа дека лек за Ковид 19 постои – тоа е комбинација од хидроксихлорикинот, азитромицинот и цинкот – и дека таа на тој начин има излечено 350 пациенти.
Ефективноста на оваа комбинација се јавува само ако лекарствата се даваат во раната фаза од болеста, односно штом се појави првиот симптом.
При тоа, таа попатно истакна: „Маски не ви требаат, не ви треба „заклучување“ кога има лек“.
Ова беше искористено како повод за напади врз неа, а дополнително како аргумент се зема фактот дека хидроксихлорикинот е забранет по препорака на СЗО, па нејзиниот настап и настапот на останатите лекари е оквалификуван како ширење лажни вести.
Инаку таа работи со пациенти во Рехобот медицинскиот центар во Хјустон. Ова е објавата на Центарот:
Како што можете да забележите, смаиот Центар вели дека лекот не е фикасен кај пациенти кои се хоспитализирани, што значи дека болеста веќе се разгорела, туку ефектот е во раното применување на овој третман.