Окситоцинот, хормонот на љубовта, што го прозведуваме главно за време на сексот, е поврзан и со духовноста, па дури и побожноста, се вели во ново истражување објавено на порталот Сај Блог.
Раководителот на студијата, д-р Пати ван Капелен, смета дека мажите кои се здобиле со вообичаената доза окситоцин, имаат посилни и поизразени духовни чувства и состојби дури една седмица потоа.
– Окситоцинот е невротрансмитер, којшто човечкиот организам го лачи при секс, но и при бакнеж или прегратка со саканата личност, на пример. И претходни истражувања го поврзуваат овој хормон со засилувањето на алтруизмот, интензивирањето на меѓучовечките и друштвени односи и други слични појави. Тој го има ефектот на медитацијата, која исто така придонесува за подобро здравје и благосостојба, вели д-р Ван Капелен.
Според него, окситоцинот е еден од биолошките фактори, кои можат да ги интензивираат и духовните размисли.
Мажите кои учествувале во испитувањето минале низ насочена медитација. По сеансата, оние кои создале доволно окситоцин, биле поподготвени на тоа да се согласат со тврдења од типот: „Се што е живо, е меѓусебно поврзано“, „Има повисоко ниво на свест и духовност што ги поврзува луѓето“ итн. Интересно е што истите луѓе биле и посклони кон чувствата на надеж, љубов, благодарност и спокој.
– Духовноста е сложена и зависи од многу фактори… А окситоцинот дефинитивно влијае на тоа како го гледаме светот и во што веруваме, додава Ван Капелен.