Д-р Звездна ГЕОРГИЕВА

Сознанието е начин на кој го изучуваме и чувствуваме светот. Начинот на кој мислиме, нашите намери, чувства, емоции и многу повеќе од тоа.

Едно од најважните прашања поврзано со човечкото сознание дали тоа е продукт на работата на мозокот или мозокот е едноставно приемник на сознанието.

Квантовата физика ни покажува дека ние го воспримаме физички материјалниот свет кој воопшто не е физички. Научниците почнаа да сфаќаат дека се во вселената е изградено од енергија.

Квантовата механика покажува дека материјалната основа на светот е изградена од атоми и субатомни честички кои не суштествуваат постојано во определено време и определно место. Разумот зема учество во концептуалната структура на квантовата механика при што набљудуваниот објект и набљудувачот се поврзани.

Така, физичкиот свет веќе не е главна, ниту единствена компонентна на реалноста и овој свет не може да биде разбран целосно без да се земе в предвид разумот!, вели д-р Гари Шварц, професор на универзитетот во Аризона. Има многу истражувања кои покажуваат дека сознанието може да е нешто различно од мозокот.

Еден пример за тоа се „медиумите“, т.е. луѓето кои комуницираат со умовите на покојни луѓе.

Тоа ја поткрепува тероријата дека мозокот не сврзан со разумот. На пример, некои луѓе кажуваат за доживувања надвор од телото при клиничка смрт. а тоа време нема електрична активност во мозокот како последица, на пример, на срцев удар.

Најдобар пример е феноменот наречен парапсихологија која демонстрира дека може да се добие информација без да се исползуваат чувствата и може да се изврши влијание врз живи суштества со помош на сознанието.

Некои луѓе имаат способност да го проектираат сознанието надвор од телото и да го гледаат од далечно место.

Друг пример е начинот на кој поврзани лица кои се наоѓаат на огромно физичко растојание, споделуваат меѓу себе едни исти чувства и настани.

Сите тие примери имаат потреба од научно обајнсување кое не може да биде базирано смао на материјализмог – истакнува д-р Гари Шварц.

Сознанието е виш продукт на материјата или сознанието ја создава материјата? Кокошката или јајцето? – е вечното филозофско прашање. Сознанието се смета за субпродукт на централниот нервен систем, тврдат денешните научници.

Секој човек може да реши да се пробуди духовно и да го насочи сознанито кон себе. Една од најинтресните теории е таа за квантовиот разум според која сознанието ја формира реалноста. Сознанието е активно и ја моделира материјата, а не обратно. Впромечм докажано е дека сознанието може да ја промени ДНК-та кај луѓе преку епигенеза.