Алексеј Букелиќ е многу мал за сам да мине низ тешката битка за здравје која се наоѓа пред него. Тој боледува од церебрална парализа (деснострана хемипареза), не оди самостојно и нема развиен говор. Неговата борба трае три години.

За неговото лекување се потребни 30.000 евра. Македонскиот народ безброј пати покажа дека хуманоста му е силна страна, па сега се надеваме дека заедно ќе ја поминеме и битката на Алексеј.

Парите се потребни за трансплатација на матични клетки во Турција, од каде добиле уверување дека шансите за да прооди по тоа се многу големи.

Како можеме да донираме?

Т-mobile 143153

A1 143460

Сметка за донации:

270-7000959720.40 – Алексеј Букелиќ / HALKBANK AD Skopje

IBAN code- MK07270700095972234

SWIFT- EXPCMK22